Почетна > Арт Студио Продукција > Ексклузивно: На сам ден Илинден Анета Љумаковска удира со „100 по Рихтер“ – нов летен хит кој што ќе ве тресе цела сезона (Видео)

Ексклузивно: На сам ден Илинден Анета Љумаковска удира со „100 по Рихтер“ – нов летен хит кој што ќе ве тресе цела сезона (Видео)

///
Comments are Off

Со особена гордост, Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија ја најавуваат премиерата на најновото музичко и визуелно остварување на далеку познатата и се повеќе барана македонска фолк пејачка Анета Љумаковска. Станува збор за емотивната и заразна летна песна „100 по Рихтер“, која со сигурност ќе го освои регионалниот етер.

Премиерата е закажана за 2-ри август – Илинден, точно во 14:00 часот, на Балкан Мјузик телевизија, како и на официјалниот YouTube канал на Арт Студио продукција.

Спотот, снимен кон крајот на јуни во една од најживописните дестинации во Грција – Кавала, изобилува со летни вибрации, топла визуелна естетика и динамична режија. Анета, заедно со продукцискиот тим и статистите, помина два интензивни дена исполнети со сонце, замор и постојани преместувања од локација на локација, но како што самата изјави:

„Два дена поминати на сонце, со топлина, замор, неспиење, патување од една дестинација до друга, но, сепак, останавме позитивни, насмеани и расположени во исчекување на крајниот резултат од тоа што го имаме замислено. Нашата мисија ја завршивме успешно. Цврсто верувам дека ќе ја оправдам довербата на мојата верна публика. Оваа песна ми значи многу, вложивме срце, душа и професионализам“.

„100 по Рихтер“ е токму Анета – песна во нејзин стил, нејзин глас, нејзин печат. Од прво слушање влегува во уво, а со рефрен што се памети и чувство што долго останува. Музиката, текстот и целокупната продукција го отсликуваат духот на една уметница која созрева, се развива и веќе цврсто чекори кон својот музички врв.

Балканот добива уште еден потенцијален летен хит – со „100 по Рихтер“, Анета Љумаковска повторно покажува дека знае како се создава песна со душа и комерцијален потенцијал. Љубовната енергија, препознатливиот вокал и професионалната продукција ја прават оваа песна комплетен музички пакет.

И не заборавајте, 2-ри август ден Илинден, премиера на Балкан Мјузик и официјалните YouYube канали во точно 14 часот. И останете со нас, затоа што „100 по Рихтер“ доаѓа со сета сила – за да ви го разниша срцето и летото!

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ