Почетна > Македонија > The Festival: Нова приказна, истата магија!

The Festival: Нова приказна, истата магија!

///
Comments are Off

По 14 незаборавни години во Дојран, фестивалот што ја слави музиката, слободата и уметноста почнува ново поглавје. Од ова лето, Д Фестивал станува The Festival и се преселува во Штип, каде што од 4 до 6 јули ќе ја прослави својата јубилејна 15-та година!

Организаторите од „Пасворд продукција“ велат дека ова не е крај, туку нов почеток:

„Како дете што го напушта својот дом за да ги следи соништата, така и нашиот фестивал тргнува на нов пат“.

Сместен под моќниот Исар, опкружен со планини и реката Брегалница, новиот дом на фестивалот носи свежа енергија, нови сцени и уште поуникатна атмосфера.

The Festival останува верен на својот дух – музика под ѕвездите, незаборавни моменти и заедница што расте и создава нови спомени.

Нова локација, истото срце – дали сте подготвени за следната авантура?