На 8-ми март, во Македонската филхармонија, популарниот македонски пејач Јоце Панов ќе го одржи својот прв солистички концерт во Скопје, во чест на Меѓународниот ден на жените и како прослава на неговите 25 години успешна музичка кариера.
„Ова е мој начин да ѝ се заблагодарам на публиката која ме следи и поддржува низ сите овие години. Секогаш давам дел од себе во секоја песна, а љубовта што ја добивам за возврат ми е најголемата инспирација“, изјави Панов.
Концертот ќе биде вистинско музичко уживање, проследено со настап со оркестар и сцена украсена со рози, симбол на љубовта и почитта кон женската публика.
Билетите се достапни преку мрежата на МК Тикетс.