Почетна > Арт Студио Продукција > „Соната“ во нов ритам – забавната страна на музиката

„Соната“ во нов ритам – забавната страна на музиката

///
Comments are Off

Популарната македонска група „Соната“ подготви вистинско музичко изненадување за својата публика. Овој пат, бендот влегува во светот на забавната музика со уникатен проект – колекција на кавери од познати македонски и светски хитови.

Идејата за овој освежувачки музички правец доаѓа од пејачката Кате Брезева, која сака да ја покаже разновидноста и талентот на групата надвор од фолк жанрот.

„Публиката сè повеќе бара забавна музика, а ние сме подготвени да ја пренесеме таа енергија!“, велат од „Соната“.

Проектот е реализиран во студиото на Цане Петров, нивен долгогодишен соработник и пријател, кој се појавува и како специјален гостин. Песните се снимени во рекорден рок – само еден ден, но со страст и професионалност која гарантира магија во секоја нота.

Меѓу песните кои ќе ги слушнете, се издвојуваат: „Твоето писмо – моја библија“, „Руски рулет“, „Морска ѕвездо“, „Сите мои слики“, а визуелниот спектакл го носат Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

Наскоро овој интересен музички проект ќе имате можност да го погледнете на програмата на музичката Балкан Мјузик телевизија.