Додека некои наздравуваа со вино, а други романтично вечераа, Скопје го имаше најжешкото Валентиново досега! Милица Павловиќ приреди вистински музички земјотрес во арената „Јане Сандански“, а 6.000 фанови го почувствуваа секој ритам!
По 40 минути исчекување и нетрпеливи скандирања, сцената се разгоре! Милица – како вистинска божица – се појави на златен трон со песната „Богиња“ и од тој момент, забавата не запре. Секоја песна беше химна – од „Проверено спава сам“, преку „Кучкетина“, па сè до „Шечеру“ – а публиката пееше во еден глас како хор на ѓаволски добри вокали!
Но, концертот не беше само за слушање – тоа беше шоу што се гледа, доживува и памети! Милица неколку пати го менуваше стајлингот, но кога на сцената се појави во златен костим со огромна ѕвезда на градите и розово здолниште, салата експлодираше од реакции!
Изненадувањата продолжија кога на сцената ѝ се придружи Елена Ристеска! Заедно ја испеаја „Нинанајна“, а набрзо следуваше и емотивната „Доживотно“. Атмосферата беше како на Евровизија – но овој пат Скопје беше центарот на универзумот!
А за финале? Милица реши да ја разнежни публиката со нешто автентично македонско! Со тапани и раскошна енергија, ја запеа „Јовано, Јованке“ и… хаос! Публиката урлаше, пееше, играше – тотално лудило!