Сигма Бенд повторно докажува зошто е синоним за незаборавна веселба. Овој пат, тие ни подготвија ново музичко изненадување – преработка на една од најпопуларните песни која со години е омилена на радио и музичките ТВ-станици.
Насловот „Машала“ сам по себе најавува вистински спектакл, а во оваа верзија, енергичниот и веќе добро познат Омар Џафероски ѝ дава свежина и динамика, донесувајќи ја песната речиси до совршенство – блиску до оригиналот, но со препознатливиот белег на Сигма.
За врвната визуелна приказна се погрижи Арт Студио продукција, кои повторно испорачаа атрактивно и динамично видео што совршено ја надополнува оваа музичка приказна.
Како звучи „Машала“ во ова ново руво? Погледнете во продолжение: