Почетна > Балкан > Лепа Брена со голема радост ја очекува новата принова во семејството!

Лепа Брена со голема радост ја очекува новата принова во семејството!

///
Comments are Off

Музичката ѕвезда Лепа Брена повторно е во центарот на вниманието – овој пат не само поради нејзината спектакуларна турнеја, туку и поради прекрасните вести од семејството.

Додека гостуваше на Екстра ФМ, Брена отворено зборуваше за сите актуелни моменти во нејзиниот живот, вклучувајќи ја и бременоста на Александра Пријовиќ. Познатата пејачка не ја криеше својата возбуда, нагласувајќи дека иако во нивното семејство преовладуваат момчиња, овој пат интуицијата ѝ вели дека ќе добијат малечка принцеза.

“Јас и Боба бевме на пат кога дознавме за убавата вест. Морам да признаам дека ја очекував, бидејќи тоа е најприродната работа. Ништо не нè прави посреќни од тоа што повторно ќе станеме баба и дедо. Имам некој чуден предосет дека овој пат ќе биде девојче”, изјави Брена со насмевка.

Во меѓувреме, пејачката се подготвува за својот шести концерт во Загребската арена, откако ја продолжи турнејата по незгодата што ја претрпе пред два месеци. Брена е спремна да се врати на сцена посилна од кога било, а со вакви убави вести – среќата е загарантирана!