Почетна > Македонија > „Твој засекогаш“ – Владо Јаневски со нова интересна певлива песна што ќе ја паметиме (Видео)

„Твој засекогаш“ – Владо Јаневски со нова интересна певлива песна што ќе ја паметиме (Видео)

///
Comments are Off

Легендарниот кантавтор Владо Јаневски повторно ги воодушеви своите обожаватели со новата песна „Твој засекогаш“, која ја промовираше кон почетокот на минатиот месец, а сега доби и видео спот. Автор на музиката и текстот е самиот Јаневски, додека за аранжманот се погрижи познатиот хрватски композитор Никша Братош.

Песната е снимена во студиото „НБ“ во Загреб и во скопското студио „Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски, а емотивната визуелна приказна ја реализираше тимот на „Томато продукција“.

Со „Твој засекогаш“, Јаневски уште еднаш потврдува зошто е синоним за македонската љубовна музика. Неговата искреност, длабоки стихови и топли мелодии допираат до срцата на слушателите, оставајќи неизбришлива трага во нивните емоции.

За сите љубители на неговата музика, Јаневски ќе одржи концерт во Скопје, во клубот „Интермецо“ на 14 февруари, со почеток во 20 часот. Оваа вечер ветува вистинска музичка магија, исполнета со најубавите љубовни балади и емоции кои само тој знае да ги долови.