Почетна > Македонија > Дамјан Стојановски со нов музички хит – „Остани“! (Видео)

Дамјан Стојановски со нов музички хит – „Остани“! (Видео)

///
Comments are Off

Македонската музичка сцена доби уште едно освежување! Младиот и веќе докажан фолк пејач Дамјан Стојановски ја промовираше својата најнова песна „Остани“, која донесува модерен, ритмичен денс-звук и препознатливата емоција во интерпретацијата, оваа песна претставува ново музичко поглавје за веќе докажаниот фолк пејач.

За врвната продукција и аранжман се погрижи Златко Миладиновски, миксот и мастерингот се дело на Љупчо Павловски (студио „Анастасија“), додека текстот и музиката ги потпишува самиот Стојановски, што ѝ дава на песната автентичен и личен печат.

За да го долови вистинскиот дух на песната, видеото е изработено од познатата Арт Студио продукција, а во него се појавува младата, енергична и атрактивна Сашка Колеска, чија танцова харизма додава посебна магија и динамика на спотот.

Доколку сè уште не сте ја слушнале, песната „Остани“ веќе е достапна на сите музички платформи, а видеоспотот можете да го погледнете погоре, и на YouTube каналот на Дамјан Стојановски.

И споделете ги вашите впечатоци – дали можеби ова ќе биде новиот летен хит?