Почетна > Македонија > Софија се враќа на сцената со „Момче Македонче“ – нов звук, стара страст! (Видео)

Софија се враќа на сцената со „Момче Македонче“ – нов звук, стара страст! (Видео)

///
Comments are Off

По долга пауза, гласот што некогаш ги освојуваше радио брановите се враќа! Софија, некогашната хит-мејкерка со песни како „Љубов или нешто друго“ и „Лигав тип“, повторно запловува во музичките води со нова песна – „Момче Македонче“.

На изненадување на многумина, таа ја сподели својата нова песна на социјалните мрежи, а веднаш следуваше и видеоспот снимен во срцето на Скопје – во култната Стара чаршија. Авторскиот тим зад оваа нумера е добро познат – текстот го напиша нејзиниот татко, Перо Манев, додека музиката е заедничко дело на Софија и Тони Соколов – Цока.

„После десет години го рестартирав своето студио и одлучив повторно да создавам своја авторска музика. ‘Момче Македонче’ е првата песна со која го најавувам моето враќање на сцената. Ќе бидеме посветени на создавање нови песни и се надевам дека ќе донесеме свежина на македонската поп-сцена“, изјави Софија.

Со оваа песна, Софија не само што го означува својот камбек, туку и носи доза на македонска енергија, звук и емоција. Дали ќе биде ова хитот што ќе го одбележи нејзиниот нов почеток? Времето ќе покаже!

Што мислите за новата песна? Дали Софија ќе го врати својот некогашен сјај?