Почетна > Македонија > Концерт во чест на Тоше Проески во Крушево

Концерт во чест на Тоше Проески во Крушево

///
Comments are Off

Крушево ќе го одбележи 44-от роденден на македонската музичка легенда Тоше Проески со концерт со наслов „Ангел си ти“. Настанот ќе се одржи во сабота, 25 јануари, во спомен-куќата „Тодор Проески“, со почеток во 12 часот.

Под диригентската палка на Аделина Колева, концертот ќе го облагородат изведби на безвременските хитови на Тоше. На сцената ќе настапат вокалната формација „Оренда“, составена од 30 пејачи на возраст над 25 години, како и вокалниот состав „Графити“, кој брои шест млади пејачи, носители на признанија од национални и меѓународни музички натпревари.

Особена магија ќе донесат младите солистки Нела Манческа и Дорис Димовска, која учи пеење под менторство на реномираните Ана Дурловски и Андријана Јаневска. Свое учество ќе има и прилепската група „Локдаун“, позната по интерпретациите на песните од Тоше на своите настапи.

Концертот „Ангел си ти“ претставува уште еден емотивен потсетник на животот и делото на Тоше Проески – музичарот кој го остави својот траен белег во македонската музичка сцена и остана засекогаш врежан во срцата на своите обожаватели.