Подгответе се за вечер полна со хитови што не се забораваат! Оваа недела, „На здравје“ ќе биде вистински музички времеплов посветен на човекот чиј стихови ги пееме со срце – Орце Зафировски!
Ќе слушнеме незаборавни песни како „Дојди Лено на перниче бело“, „Кој не раздели“, „Запри запри виолино“, „Весела свекрва“ и, се разбира, заразниот хит „Бум Бум“, кој никого не остава рамнодушен!
На сцената ќе настапат врвни изведувачи: Група Круна, Џени Окело, Анета Љумаковска (Молика), Мишко Крстевски, Чеде Спасиќ, Кате Брезева (Соната), Сандра Милковска, Група Оскар… и уште многу други. А најдобриот дел? И самиот Орце Зафировски ќе биде дел од шоуто!
Подгответе се за многу музика, емоции и незаборавна забава! Не пропуштајте – недела во 16:15 на националната Алфа телевизија и во 20:00 на музичката Балкан Мјузик!