Почетна > Македонија > Музичарот Николче Симоновски – Јошка го исполни своето ветување: Донираше дрон на битолските пожарникари (Фото)

Музичарот Николче Симоновски – Јошка го исполни своето ветување: Донираше дрон на битолските пожарникари (Фото)

///
Comments are Off

Македонскиот музичар Николче Симоновски – Јошка, кој долги години ја негува македонската музика и моментално живее и работи во Перт, Австралија, повторно покажа дека има големо срце за својот роден град.

Како што и вети на својот јубилеен концерт „Срцето и душата – 30 години за Битола“, Јошка деновиве го исполни својот збор и на пожарникарите од Битола им подари дрон. Овој гест е знак на благодарност за нивната пожртвуваност и несебична борба против пожарите што го погодија регионот изминатото лето.

На спектакуларниот концерт, кој се одржа на Ракометарското игралиште во Битола пред 2.000 посетители, Јошка заедно со своите колеги од естрадата го прослави својот јубилеј – три децении музичка кариера. Вечерта беше исполнета со емоции, музика и хуманост, а приходот од концертот беше наменет токму за оваа хумана цел.

Со овој потег, Николче Симоновски – Јошка уште еднаш докажа дека вистинските уметници не само што ја носат музиката во својата душа, туку и љубовта кон својот народ.