Почетна > Арт Студио Продукција > Министерот се враќа со нов хит: Премиерно на Балкан Мјузик ТВ! (Фото+Видео)

Министерот се враќа со нов хит: Премиерно на Балкан Мјузик ТВ! (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Денес, недела 16-ти февруари точно во 18 часот, на Балкан Мјузик телевизија и нашата добро позната платформа, ќе биде премиерно претставен најновиот видеоспот за песна „Еј другари стари“ на Борче Наумовски – Министерот. Ова не е само обична промоција, туку вистинско музичко случување кое ги возбудува фановите.

Видеоспотот за оваа песна е снимен во прекрасниот амбиент на ресторанот „Горна куќа“, а интересно е што за време на снимањето ресторанот беше исполнет до последното место – и не само со гости, туку и со љубопитни минувачи кои стоеја, желни да бидат дел од магијата.

Песната е позната на публиката уште од пред неколку години, но зошто токму сега добива видеоспот, на ова наше прашање Борче Наумовски – Министерот одговори:

„Сега беше вистинскиот момент. Заедно со мојот композитор, Маестро Кирил Стојчевски, решивме дека оваа песна „Еј другари стари“ заслужува нов живот“, вели Министерот.

Реализацијата на видеото е доверена на една од најреномираните продукциски куќи во Македонија – Арт Студио. Она што го прави уште повпечатливо е учеството на бројни познати имиња од македонската фолк сцена.

„Ова се моите драги луѓе, сакав да бидат дел од нешто големо и моќно“, открива пејачот Наумовски.

Во продолжение, останува да ја проследиме премиерата и да ја почувствуваме енергијата на овој музички спектакл!