Почетна > Балкан > Марија Шерифовиќ секогаш на врвот

Марија Шерифовиќ секогаш на врвот

Во музиката и во шоу бизнисот освен да имаш талент како основно правило, мора да поседуваш и доза на упорност поради која нема да дозволиш да се откажеш од својот сон. 

За талентот на овој моќен женски вокал би било сувишно да се зборува. Нејзиниот глас е препознатлив низ сите генерации, а песните сеуште се водат како хитови. Упорна, талентирана и моќна, Марија Шерифовиќ..

Таа на нашата Балкан топ 10 листа убедливо го држи првото место со својот хит “Добар вам дан“. На песната се потпиша нашиот Дарко Димитров, како за аранжман така и за придружен вокал. Песната е необична и со јака порака за оние кој што можат да ја разберат. Се зборува за неправдата, лагите, хаосот во светот без милост. Оваа емотивност го прикажува времето во кое моментално живееме, а таа само уште еднаш ја оправда својата титула.

Марија Шерифовиќ својата кариера како пејач ја започнува многу оддамна, а својот прв албум го издава во 2003 година под името “Нај, најбоља“. И во овој албум најголемата хит песна “Знај да знам“ е компонирана од Дарко Димитров. Својата популарност таа ја стекнува со победата на Евровизија во 2007 година. Потоа не престанува да реди хитови и успеси, а својот прв солистички концерт го оддржува во белградската сала Сава Центар, кој што воедно се смета за голем хит на српската музичка сцена.

Денес таа брои мнозинство од концерти, фестивали, настапи, песни и видео записи. Освен како пејач, се испробува и во улогата на жири во најпопуларното шоу за таленти во Србија. Нејзината автентичност и смислата за хумор луѓето можат да ја видат и во нејзините секојдневни влогови на јутјуб, каде Марија прикажува делови од своето приватно поминато време.

Како што спомeнавме и на почетокот, за да се биде успешен, мора да се поседува упорност. Шерифовиќ е доказ за млада, талентирана и упорна жена, која освен што е препознатлива насекаде, го држи и врвот на нашата топ листа. Доколку и понатаму сакате да ја гледате таму, гласајте за нејзиниот хит и уживајте во ова совршенство од песна.