Почетна > Македонија > Драгана Мирковиќ во Скопје со музички спектакл што не се пропушта!

Драгана Мирковиќ во Скопје со музички спектакл што не се пропушта!

///
Comments are Off

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Скопје ќе биде домаќин на една од најголемите балкански музички легенди – неповторливата Драгана Мирковиќ. Таа доаѓа во Скопје за да приреди спектакуларен концерт кој ќе се одржи на 24-ти мај 2025 година, во салата „Борис Трајковски“. Со својот препознатлив глас, харизма и безвременски хитови, таа ќе ги израдува фановите со незаборавна вечер полна со емоции и енергија.

Драгана Мирковиќ, со својот магичен глас и впечатлива харизма, веќе повеќе од три децении ги освојува срцата на милиони фанови низ Балканот и пошироко. Овој пат, таа ќе ја донесе својата енергија и магија во Скопје, исполнувајќи ја вечерта со најголемите хитови од нејзината богата дискографија, како што се безвременските: „Мило моје што те нема“, „Руже цветају само у песмама“, „Умречу због тебе“, „Све бих дала да си ту“, „Опрости што ти сметам“ и многу други.

Со врвна продукција, совршено осветлување и неверојатен звук, оваа музичка вечер ветува спектакл кој долго ќе се памети.

Цени на влезници и категории:

  • Партер: 800 ден.
  • Фан Пит: 1.200 ден.
  • Трибина: 1.000 ден.
  • Силвер Трибина: 1.200 ден.
  • Голден Трибина: 1.300 ден.
  • Премиум Трибина: 1.500 ден.
  • ВИП Трибина: 1.800 ден.

Картите се веќе достапни за продажба. Може да ги набавите онлајн преку ticketx.mk или во сите продажни места на TicketX низ Македонија. Не ја пропуштајте оваа ексклузивна можност да бидете дел од вечер која ќе го оживее духот на најдобрите балкански хитови.

Резервирајте го вашето место и подгответе се за вистински музички спектакл!