Почетна > Македонија > Андријана Јаневска ја слави љубовта со новата балада „Не биди тој“ (Видео)

Андријана Јаневска ја слави љубовта со новата балада „Не биди тој“ (Видео)

///
Comments are Off

Познатата пејачка, виолинистка и професорка Андријана Јаневска го започна месецот на љубовта со нова емотивна балада – „Не биди тој“. Со музика и аранжман на Александар Јовевски и текст од Весна Малинова, песната носи нежна, но моќна порака, дополнета со прекрасниот звук на виолината што ја отсвири самата Јаневска.

За продукцијата на песната се погрижи нејзиниот сопруг, Драган Гиновски-Гино, кој ги отсвири и гитарите, создавајќи интимна атмосфера што совршено ја надополнува емоцијата на баладата.

Но, покрај музиката, Јаневска неодамна ја заокружи и својата академска кариера – во мај 2024 година беше промовирана во докторка на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Нејзината докторска теза е плод на 11-годишно истражување на македонската народна музика, при што собра 109 традиционални песни од регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

„Сѐ започна во 2014 година, кога во шестиот месец од бременоста со вториот син, заедно со мојот тригодишен постар син и свекрвата, отпатувавме во Тирана за да се сретнеме со преселници од Голо Брдо. Тоа беше почеток на долгото патување низ селата, во кое открив вредни музички бисери“, раскажа Јаневска.