Музичката група Фидбек Бенд започнува ново поглавје со вклучувањето на познатиот пејач Александар Тасевски во нивниот состав. Со богато музичко искуство зад себе, Тасевски ја прифаќа улогата на главен вокал, внесувајќи свежина и енергија во бендот.
Членовите на групата изразија огромно задоволство од новата соработка, ветувајќи модерни и уникатни музички проекти. Александар, пак, сподели дека договорот со новите колеги бил постигнат за само пет минути, што ја потврдува нивната усогласеност и заедничка визија.
Првите настапи и нови „кавер“ песни веќе се во подготовка во реализација на Арт Студио Продукција, а до крајот на јануари се очекува и промоцијата на нивната прва авторска песна. Со оваа промена, Фидбек Бенд испраќаат порака дека се подготвени да го освојат врвот на македонската музичка сцена.