Бугарскиот пејач Васил Тројанов Бојанов, познат како Азис, гостуваше во емисијата „Ceca Show“ на Светлана Цеца Ражнатовиќ, каде што откри детали за својот приватен живот. Пејачот, кој некогаш беше познат по своите екстравагантни модни изданија, денес изгледа сосема поинаку – во класичен стил, посветен на фитнесот и далеку од скандалите.
Азис откри дека со својата најдобра пријателка Гала има три деца – две ќерки и еден син. Најстарата ќерка има 17 години и е посветена на љубовта кон животните, планирајќи да заврши Факултет за ветерина.
„Таа никогаш не открива дека јас сум нејзин татко. Има руса коса и сини очи. Многу сме блиски и секогаш разговаравме отворено. Сакав таа да ја знае вистината од мене, а не од некој друг,“ сподели пејачот.
Азис потенцира дека е искрен со своите деца и дека секогаш разговарал со нив за сите аспекти од својот живот, вклучително и за тоа што сака мажи, а нивната мајка му е најдобра пријателка.
„Со децата мора да имате искрен однос, зашто тие заслужуваат да ја знаат вистината од своите родители,“ заклучи пејачот.