Почетна > Македонија > Македонската вечер во Благоевград ја спои културата и иднината на второто издание од „Вечери на Балканот“ (Фото+Видео)

Македонската вечер во Благоевград ја спои културата и иднината на второто издание од „Вечери на Балканот“ (Фото+Видео)

///
Comments are Off

На 30 јануари 2026 година, во срцето на Пиринска Македонија – Горна Џумаја (Благоевград), се одржа „Македонска вечер“ како дел од манифестацијата „Вечери на Балканите“. Настанот имаше за цел да ја претстави македонската култура, песна и традиција пред пошироката јавност и да ја зацврсти културната соработка во регионот.

Организатори на настанот беа Балкан Њуз и Балкан Мјузик, со поддршка на Македонската амбасада и Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Во програмата настапија еминентни македонски уметници и гости, кои приредија вечер исполнета со автентичен македонски дух.

Дел од организацисиот тим на Балкан Мјузик тв и Балкан њуз

„Македонската вечер“ претставуваше уште еден чекор кон унапредување на културниот дијалог и заемното почитување меѓу народите на Балканот – гордо и достоинствено, за Македонија.

Претставници од политичко – јавниот живот на Република Македонија и Република Бугарија

На целиот настан посебна тежина и емоција ѝ даде музичката програма, збогатена со настапот на реномираните македонски изведувачи и вистински амбасадори на македонската народна песна – Сузана Спасовска и Благоја Грујовски. Со својот препознатлив стил, силна емоција и уметничка автентичност, тие изведоа дел од своите авторски песни, како и безвременски македонски народни мелодии, внесувајќи атмосфера исполнета со носталгија, гордост и длабока љубов кон Македонија.

Сузана Спасовска и Благоја Грујовски со свој настап пред присутната публика во рамки на „Вечери на Балканот – Македонија“
Претставници од музичката Балкан Мјузик телевизија во присуство на познатите македонски изведувачи Сузана Спасовска и Благоја Грујовски

Дополнително, свој настап имаше и Нела Манчевска – македонската претставничка на Детската евровизија која ги забавуваше присутните со својата евровизиска песна. Во текот на вечерта настап имаше и Вокално-инструменталниот состав „Аманет“, кои покрај својот репертоар ги придружуваа и Сузана Спасовска и Благоја Грујевски. Интересно и впечатливо беше тоа што на крајот од самата вечер гостите без двоумење заиграа оро на одлично отпеаните македонски народни песни од страна на Сузана Спасовска и Благоја Грујовски кој пак во оваа прилика ги отпеаа добро познатите и препознатливи „Македонско девојче“ и „Земјо Македонска“.

Нела Манчевска – македонска претставничка на Детската Евровизија со настап на манифестацијата „Вечери на Балканите“
И вокално-инструменталниот состав „Аманет“ ги забавуваше присутните со своја музичка програма

Особено внимание привлече настапот на Фолклорната група при НУЦК „Н. Ј. Вапцаров“ од Делчево, чии играорци со голема енергија, прецизност и емоција го пренесоа духот на македонскиот и делчевскиот фолклор. Публиката им возврати со искрени аплаузи, препознавајќи ја автентичноста и љубовта со која беше изведена секоја кореографија.

Фолклорната група при НУЦК „Н. Ј. Вапцаров“ од Делчево

На самиот почеток, присутните гости беа пречекани и послужени со македонски специјалитети, закуски, карактеристични македонски јадења и предјадења, макала, главно јадење и десерт – со мирис, вкус и шмек на Македонија. Да не заборавиме да споменеме дека настанот беше заокружен со богата лотарија каде многу од присутните гости имаа чест и привилегија да добијат награди од македонски производители, викенди во Македонија и слично.

Претставување на македонски компании и нивните производи

Водител на настанот „Вечери на Балканот – Македонија“ беше актерот Игор Дамјанов од Виница, кој повеќе од 20 години живее и работи во Благоевград.

Водител на настанот беше македонскиот актер Игор Дамјанов

Покрај уметничкиот дел, културната иницијатива „Вечери на Балканот – Македонија“ имаше и силна развојна и економска димензија. Во рамките на официјалните разговори беа отворени бројни теми од заемен интерес помеѓу Општина Делчево и Општина Благоевград, меѓу кои:

  • инвестиции во недвижнини,
  • развој на туристичка инфраструктура и сместувачки капацитети,
  • формирање откупно-дистрибутивни центри,
  • логистички операции за брза и интензивна трговија,
  • производство и преработка на храна,
  • лесна и незагадувачка индустрија,
  • преработка на земјоделски производи,
  • спорт, животна средина и меѓуопштинска соработка.

Дополнително, на настанот голем број македонски компании ги претставија своите производи и брендови (македонската традиционална вкусна храна, македонските вина, ракија, македонските ракотворби и традиционални носии карактеристични и препознатливи за градовите низ Македонија и помалите места) што даде уште една практична вредност на оваа иницијатива и отвори простор за нови деловни контакти и можности.

Лепче во знакот на македонско-бугарското пријателство и взаемна соработка

Со силна порака за културно поврзување и меѓусебно разбирање, македонската вечер во рамки на иницијативата „Вечери на Балканот“ остави длабок впечаток кај присутните. Настанот покажа дека културата, музиката и традицијата се најмоќниот мост меѓу народите, отворајќи ново поглавје во регионалната соработка и дијалог.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Рефрени што и оваа недела ќе се паметат: Неделна фолк дружба со „На здравје“ само на Балкан Мјузик телевизија (Видео)
Немања Денчиќ со нов сингл: Моќна емоција, современ аранжман и впечатлив видеоспот (Фото+Видео)
Легендата што живее во нас: 45 години од раѓањето на Тоше Проески (Фото)
Потпевнување, добро расположение и вистински звуци – неделна музичка забава на Balkan Music TV (Видео)