“5 минути” со Роберт Јанков

5 минути со Роберт Јанков…

1. Наутро важно е да испијам кафе пред да почнам со дневните активности … ?

Многу е важно. Обавезно кафе и цигара и денот може да почне.

2.Што може рано наутро да ти го направи денот убав, а што „лош“?

Ако не можам да ја најдам втората чорапа или кошулата што сум сакал да ја носам на емисија не е испеглана. За убав ден сонце и без гужва во сообраќај.

3.Со кого го пиеш првото кафе или чај?

Со гледачите.

4.Денот не можеш да го замислиш без кој ритуал?

Без да направам барем една фотографија.

5.Порака за убав ден…

Секој ден е убав, ако не си намќор