30 години од мегахитот “Ламбада”

Пред точно 30 години започнавме да танцуваме на звуците од летниот хит “Ламбада” и еве до ден денешен сеуште не сме престанале.А овој мегахит далечната 1989 година го објави француско-бразилската поп група “Kaoma” како прв сингл од албумот “Worldbeat”.Кога француските продуценти ја ангажираа бразилската пејачка Loalwu Braz веројатно не се надеваа дека овој сингл ќе се продаде во дури 5 милиони примерока и со тоа ќе стане најпродаваниот европски сингл на сите времиња.”Ламбада” беше број 1 на топ листите од 11 европски земји и со неа започна едно ново танцувачко лудило кое го зафати целиот свет.

За жал,подоцна се откри дека тоа е обработка на оргиналната “Llorando se fue”која во оргинал на шпански ја компонирала и снимила групата “los Kjarkas”од Боливија во 1981 година.Целава работа ќе стигне и до суд во 1990 година каде боливиската група ќе успее да се избори за своите права.Но и покрај се,ништо не успеа да ја засени големата популарност на верзијата од групата “Kaoma”за која веќе рековме дека и покрај поминати 30 години сеуште се свири,пушта и игра на летните забави.

А како звучи овој мега хит во изведба на нашата шармантна Малиша,слушнете во продолжение…и не заборавајте,уживајте со добра музика во овие летни денови што ви ја нуди само единствената BalkanMusicTv….