Пред да станеш човек,не оди меѓу луѓето

Непосреден,со ведар дух и расположение пејачот Димитар Димитров – Градевец ќе каже дека мудроста ја стекнал од неговиот дедо,но и од самиот живот.Специфичниот прекар го добил по родното место,живописното село Градево што се простира на патот накај Банско.Вели дека е талентиран на својата прерано почината баба без која на времето не можело да се замисли свадба во родното село.Со музика се занимава 30-на години и во својот репертоар има изворни,староградски и новокомпонирани песни.Сепак најмногу милува да пее фолклорни нумери и се радува кога ќе избере стара подзаборавена народна песна,па со друг аранжман ќе и даде нов живот.Во 90-те години настапувал во Македонија по нашите локали и кафеани и оттука потекнуваат неговите познанства и пријателства со Наум Петрески,Милан Завков,Милан Кацарски,Благица Павловска,Пепи Бафтировски,Војо Стојаноски и многу други.Но пријателството со Наум Петрески за него е посебно и тој несебично го опишува преку мудрите зборови на неговиот дедо: “Еден пејач е пејач кога ќе излезе на сцената и запеал пред да ја отвори устата”.

И сега често настапува во Скопје,по градовите во Источна Македонија,а на лето патот го води накај Струга веројатно затоа што и Наум е најчесто таму во тоа време.Поседува и два традиционални ресторани или меани кој се уредени во тој стил,со балканска кујна и во кои се слуша само фолклорна музика – се останато е забрането.Го радува фактот дека кај младите се враќа интересот за народните танци и песни што најдобро се гледа преку интересот за фолклорното друштво “Пирин”.А за љубовта кон македонската песна тој ќе каже:”Македонската музика го знае најкраткиот пат до срцето на човекот”….

А за да го освоиме вашето срце уживајте во неговата изведба…