Орде Неделковски: Денот не можам да го замислам без музика!

Во рубриката “5 минути со”, денеска се дружиме со Орде Неделковски, вокал на групата „Лајв бенд“, во моментов еден од најпопуларните и најбарани бендови кај нас, кои минатата 2017 година имаа неколку музички авторски дела…

Орде е млад, амбициозен и посветен пејач, кој ја почитува и сака нашата убава народна песна, но и со „Лајв бенд“ се одлични репрезенти на убавиот наш народен мелос…

Орде денот не може да го започне без кафе…

Наутро неможам да го започнам денот без шоља кафе затоа што станувам рано и покрај секојдневните настапи до доцна тоа ми е повеќе од потребно за добар почеток на денот .Тој ритуал го практикувам веќе долги години.

Што е тоа што може да ти го направи денот убав, а што лош?

Она што ми го прави денот убав е некоја убава вест за некоја моја драга личност , некоја информација која придонесува за подобар живот на сите нас или некоја радост кај некој било да е тоа кај своите луѓе или кај некој кој не го познавам.А лош: на пример лошо време кога морам да останам дома поголем дел од денот хахах но сепак секогаш гледам на поубавата страна на нештата бидејќи се се случува со одредена причина.

Пејачот на „Лајв бенд“ првото кафе никогаш не го пие сам…

Првото кафе го пијам со луѓето со кои сум секојдневно со мојот најблизок круг на пријатели се разбира понекогаш и со некој колега или соработник кој е ранобудник како мене.

Доручек пред кафе или после кафе?

Кога станува збор за доручек тоа е ритуал кој често пати знам да го прескокнам поради тоа што утрата ми се исполнети со многу телефонски повици и договори за секој ден, па така си поминува времето и доаѓа време за ручек ?

Денот не можеш да го замислиш без?

.Денот не можам да го замислам без кафе,дружба со најблиските, малку релаксација пред тв и се разбира без музика, бидејќи таа е најголемиот дел од мене .

Порака за убав ден…

Твојот живот е манифестација на твоите соништа, тоа е уметност. И во секој момент можеш да го промениш доколку не уживаш во него!