Почетна > Балкан > “Baltic Band” – позитивна енергија од југот на Србија

“Baltic Band” – позитивна енергија од југот на Србија

///
Comments are Off

Велат дека идејата за снимање кавери во Скопје им се видела многу интересна.Можеби затоа што се бенд со авантуристички дух, спремни за нови пријателства и соработки. Станува збор за нишките “Baltic Band” кои по предлог на нивниот пријател и колега Петар Тодоровски (Дипломатик бенд) деновиве го посетија Скопје, се разбира работно. За таа цел го одбраа “Sity Saund” на Љупчо Соколовски – Бубе и “Арт студио” – продукција за комплетирање на нивниот нов музички проект. Со тоа воедно сакаат да се промовираат себеси пред нашата публика и на тој начин да стекнат нови можности за повторни настапи кај нас…

“Baltic Band” постои веќе 5 години и најмногу создава и настапува во Србија, но и во странство. Во нивниот град Ниш се познати по своите динамични и енергични изведби на сите хит песни кои ги прави препознатливи и поинакви од останатите. Настапи имаат и на свадбени веселби каде се мајстори за правење весела атмосфера со познати нови и ретро хитови. Уживаат на сцената и сакаат кога својата позитивна енергија им ја пренесуваат на луѓето околу нив, правејќи уште една незаборавна забава…

Пред да си заминат назад во Ниш имаа само пофални зборови:”Од Скопје заминуваме задоволни и се надеваме дека во поголемиот дел од Србија но и пошироко, ќе видат што ново сработивме на музички план. Овде запознавме нови пријатели, уживавме во вашиот прекрасен град и се надеваме дека повторно ќе се вратиме за да може вашата публика да ужива во нашите свирки. Успешни сме во тоа и растеме како бенд секој ден се повеќе и повеќе, имаме големи цели пред себе.Но чекор по чекор”…