Понеделничка “турлитава”

Се наоѓаме во еден динамичен период кога за среќа насекаде околу нас се одржуваат бројни манифестации,што ова лето го прави уште “пожешко”.А овој викенд помина во знакот на овие настани и вести:

-ги запознавме младенците за овогодинешната “Галичка свадба”.Тоа се симпатичните Марина Петровска од Крива Паланка и Огнен Караѓозовски од Скопје,но со галичка “жичка”.Оваа традиционална манифестација ќе се одржи од 12-14 јули во живописното место Галичник,коe секоја година привлекува бројни туристи кои уживаат во обичаите и адетите запазени во потполност од страна на учесниците и организаторите…

-Тамара Тодевска ги откажа своите настапи во Прилеп и Охрид откога наиде на многубројните критики од јавноста за начинот на пеењето на македонската химна во Американската амбасада во Скопје.Во своето обраќање на социјалните мрежи,таа им се извини на сите поради својата ненамерна грешка во пеењето на химната и посака само спокојство и мир за своето семејство кое вели дека и е секогаш на прво место во животот…

-на 6-ти јули се наврши една година од прераното заминување на младиот поп – рок пејач Влатко Илиевски.Во знак на сеќавање на социјалните мрежи осамнаа емотивни статуси од неговите големи пријатели Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.Во нив тие напишаа дека и после една измината година ,сеуште чувствуваат голема празнина во своите животи…

-Утрово заврши 19-тото издание на фестивалот “EXIT” кој според публиката и бројните изведувачи беше можеби и најдоброто до сега.Рекордната посетеност беше срушена уште првиот ден на отварањето со 56 000 публика, а најмногу внимание привлече настапот на главната бина од страна на еден од најдобрите светски бендови “The Cure.”Веќе од денес организаторите најавија дека ќе почнат со размислување и идеи за наредното јубилејно 20-то издание…

-Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ,по подолга пауза ја започна својата летна турнеја со настап во Соколац,Република Српска пред многубројна публика и обожаватели.Таа исто така за прв пат настапи и со својот нов бенд “Folk haus” за кој многумина кажаа дека одлично се вклопиле и заедно со Александра звучат беспрекорно…

-Забрзано течат подготовките за деветото издание на “Фестивалот на трубите” што ќе се одржи на 12 и 13 јули во Пехчево.Освен бројните познати трубачки мајстори,на 12-ти ќе настапи нашата голема македонска поп ѕвезда Влатко Лозаноски,а на 13-ти големата екс-ју ѕвезда Ален Исламовиќ.За сите љубители на добрата музика и забава ве известуваме дека BalkanMusicTv ќе врши директен пренос од концертите на овие две музички ѕвезди и двете вечери со почеток од 22:00 часот.Значи,ако не можете да дојдете на плоштадот во Пехчево,BalkanMusicTv ќе ви ја донесе и пренесе атмосферата од таму во вашите домови….