Понеделничка турлитава

Од почетокот на летото во целиот регион имаме различни манифестации…де фестивал на пивото,де фестивал на виното,на трубите,на пити,пастрмајлии,лесковачка роштилијада(од комшилук) и што уште не.Ама ако…на народот му треба дружење и зближување,а сето тоа е секогаш пропратено со многу музика.Некои од балканските ѕвезди веќе “се задомија” овде кај нас како редовни гости на секој настан,ама каде се тие – таму е и најголемата гужва,нели?

И оваа година општина Ресен кон крајот на месец септември ќе го организира својот “Преспански јаболкобер”.Како најпознати производители на најубавите јаболка во регионот,тие овој настан го посветуваат во таа чест,со дружба и многу музика.Иако сеуште не се знае целосната програма,во јавноста излезе веста дека ќе настапи познатиот српски бенд “Лексингтон” кој и овдека има свои многубројни обожаватели…

Викендов македонската пејачка Александра Јанева ја промовираше својата најнова песна “Комета” зад чии стихови се потпишува самата таа,а музиката и аранжманот ги направи Иван Јованов.Песната има модерен призвук и ритам,малку различно од она што сме навикнале да го слушаме вообичаено од неа.Со својот моќен вокал,таа има однесено многу победи и награди, а успеа два пати да победи и на фестивалот “Макфест” во Штип,во 2013 и 2016 година…

Оваа година се навршија 50 години од основањето на некогаш мега популарната југословенска група “Нови Фосили”.По тој повод на 1 октомври во салата “Ватрослав Лисински” во Загреб нејзините некогашни членови Сања Долежал,Владимир Кочиш-Зец и Маринко Колнаго ќе одржат јубилеен концерт.За жал тие нема да можат да се представат под оргиналното име “Нови Фосили” бидејќи со клавијатуристот Рајко Дујмиќ веќе не се во добри односи,кој своевремено тајно го заштитил правото на името…

Во очекување на нови вести и настани поврзани со музиката,ви советуваме секој слободен миг да го поминете со програмата на BalkanMusicTv.Само музиката може целосно да ве опушти и расположи.Затоа сме тука ние за вас…