Понеделничка турлитава

Убаво е неделата да се започне со нешто ново што се создало од светот на музиката.

-Триото Џељо Дестановски,Спасе Антевски и Илче Младеновски(Ilce Parissi) ни подарија како за почеток две преработки (вкупно 10) од нивниот заеднички музички проект.Станува збор за песните “Катерино моме” и “Ако одам во Битола” кои сигурно ќе ви се допаднат поради специфичниот начин на обработка и изведба кој го реализираа во соработка со “Арт студио” – продукција.Македонската музичка ризница и понатаму останува инспирација за сите кои тежнеат секогаш по нешто ново и поинакво во музиката…

-Викендов започна “Културно лето – Општина Кисела Вода 2019”кое традиционално се одржува на верско – ракреативниот центар “Три круши” во с.Драчево.Во саботата на свеченото отварање свои концерти имаа популарниот и секогаш енергичен Ефто Пупиновски,познатата и хитовска Дани Димитровска и КУД “Китка”.Организаторите се погрижија до крајот на оваа манифестација да има музички изведувачи за сите генерациски вкусови,од кои би ги споменале Анастасија Петреска,група “Биоритам”,Миле Кузмановски,Сузана Спасовска,Кристина Арнаудова,Мики Јовановски-Џафер Ѓоко Таневски и многу други…

-Пејачката Маја Беровиќ и нејзиниот бенд викендов имаа успешен концерт во Мостар.На патот за хотелот непознати лица со фантомки на мотори пукале кон возилото на бендот,ги пробушиле гумите и побегнале.Маја се наоѓала во второто возило позади нив и ја видела целата случка,не верувајќи што им се случува.Таа во изјавата за медиумите потврди дека немало никаков повод и причина за таквиот чин на напаѓачите и дека едвај чека полицијата да го расветли случајот…

-Српската пејачка Јелена Карлеуша го прослави својот 41 роденден во еден елитен ресторан во Белград.На овој нејзин значаен ден друштво и правеа нејзините ќерки,сопругот и блиските пријатели од естрадата.Најмногу внимание привлече луксузната торта на четири спрата “Версаче” со која Јелена направи и неколку фотки,се разбира во нејзин стил…