Понеделничка турлитава

 

Помина еден продолжен празничен викенд кој секој од нас го искористи за одмор,дружење или пак некое патување.

– Се чини дека Охрид беше музичкиот епицентар со фантастичниот концерт на нашиот Лозано,па популарниот Жељко Јоксимовиќ и незаменливите Влатко Стефановски заедно со Мирослав Тадиќ со нивниот настап на “Охридско лето”.Заедничкото музицирање и соработка повеќе од две децении се одразува секогаш во изведбите на Влатко и Мирослав…едноставно беспрекорно,како еден.Оваа прилика нашиот најпознат гитарист ја искористи за апел до сите за зачувување на Охридското езеро без кое како што рече и тој самиот “не би постоело и самото Охридско лето”,најголемата манифестација во нашата земја која следната година ќе го доживее своето 60-то љубилејно издание…

– И нашите музичари “мака мачат” да си најдат слободно време за да си направат сопствена веселба или свадба.Младиот пејач Јовица Наумчевски од групата “Молика” по многуте свадби во изминатиот период најде време да се ожени и малку да одмори од пеење.Неговата колешка Анета постираше слики на социјалните мрежи од згодните младоженци,а може да се забележи дека таа не поминала без да им запее на присутните гости.Може ли да ја имате Анета на своја веселба,а да не ви запее.Тешко,нели!!!

– Во соседна Србија пола од музичките ѕвезди сеуште настапуваат најчесто на Црногорското приморје,а останатите одмараат и постираат слики од своите исончани фигури во костими за капење.Пејачката Стоја сакајќи да заработи нешто “ситно” за викендов,доживеа непријатен инцидент враќајќи се од настап во Вировитица.На границата помеѓу Хрватска и Србија и беа пронајдени фалсификат банкноти во вредност од 7000 евра кои и ги подметнал газдата каде настапувала,па дури морала и казна да си плати во износ од 1500 евра.Нејзиниот сопруг Игор ги негираше овие информации,ама по се изгледа некој друг побрзал да “пропее” во пишаните медиуми…