Понеделничка турлитава

Измина и последниот викенд од месец јули,во кој иако има пеколни температури сеуште се случуваат музички настапи и свирки.

-За почеток би ја спомнала семејната веселба која се случи во петокот помеѓу симпатичниот Александар Трајковски од “Енерџи бенд” и неговата прекрасна невеста Кристина.За тоа како течеше атмосферата од земање на невестата па натаму,фановите ги информираше веселиот кум Ѓоко Јовиќ,кој постојано постираше снимки на социјалните мрежи.Честитки…во среќа,во здравје и во љубов да си живеат младите…

-По цел месец интезивни настапи во Црна Гора и трчање во меѓувреме до Белград,пејачката Наташа Беквалац ја стигна уморот и стресот па заврши на инфузија.Сега за сега таа направи некои детални анализи и додека ги чека резултатите од истите,мора да прекине со настапите и да мирува.Само да потсетиме дека минатата година таа беше физички нападната од тогашниот сопруг Лука Лазукиќ,што дополнително ја разниша како физички,така и емоционално…

 

-Дека парите треба да се инвестираат мудро и долгорочно,ни кажува и веста што излезе во белградските медиуми за пејачот Жељко Јоксимовиќ.Истите тврдат дека пејачот добил дозвола за отварање на три кабелски телевизии што би требало да започнат со работа некаде од есен.Многумина овој потег на Жељко ги изненади,ама не за “џабе” се рекло:” Што помалку луѓе знаат што правиш,тоа подобро”…

-Во соседна Бугарија исто така се работи под полна пареа.Од многуте новитети што излегоа деновиве би ги издвоиле:втората песна(спот) со наслов “Don’t know” на прекрасната пејачка Alma,романтичната песна(спот) во латино ритам “Fiesta”на нежната Yoana и атрактивното видео снимено во Дубаи на Pavell&Venci Venc за песната “Само да поискаш”.Значи,тука може секој слушател да си одбере нешто по мерак од овие нови интересни хит песни….

-За крај сакам да споделам една малку постара вест, што мене лично ме трогна пред се како човек.При настап во Струмица, момците од “Енерџи бенд” собираа средства за младата мајка Ирена Танчева која е неподвижна и треба да се оперира.Тие во рок од 15 минути собраа рекорден број на пари (од досегашните акции) и сето тоа беше објавено на социјалните мрежи.Со тоа овие млади луѓе уште еднаш покажаа дека се големи хуманисти и големи луѓе во срцата.Алал да ви е….