Понеделничка турлитава

Викенд како викенд….тие што одмараат се фалат каде одмараат и како изгледаат во костим за капење,а другите што работат се фалат каде имаат настапи,со кого и каква е тамошната атмосфера.Еве неколку вести што според нас беа интересни овој викенд и за кои најмногу се коментираше…

-Рускиот бенд “Земљане” ја издаде песната со наслов “Боже” која е потполно идентична како онаа на нашиот Тоше Проески “Боже,чувај ја од зло”.И во недостиг на информација за тоа дали песната е можеби “продадена” на руската група,цел викенд помина во редење на секакви осуди и коментари на социјалните мрежи.Само за потсетување,музиката за овој своевремено голем хит на нашиот Тоше ја напиша Миро Буљан,а текстот е на Антонија Шола….а од нив ниту глас,ниту било каков коментар….

– Македонската фолк пејачка Стојне Николова на својот ФБ профил се пофали дека е пуштен во продажба нејзиниот долгоочекуван видео и аудио албум “Мелем за душа”.Таа е моментално актуелна најмногу по нејзиниот последен видео запис за песната “Спремај мајко дарови”,кој го работеше во соработка со познатото “Арт студио” – продукција…

-Пејачката Северина пак мака мачи како да ги плаќа ратите од кредитот што го земала (100 000 евра)за снимање на новиот албум.Неофицијално се шушка дека Севе нема толку настапи како некогаш,а дополнително и се зголемиле проблемите откога ја раскина соработката со својот менаџер Томислав Петровиќ.По хрватските медиуми пак наголемо “ја озборуваат” дека никаде ја нема додека другите нејзини колеги и во текот на летото неуморно работат…

-На фестивалот во Пула беше премиерно прикажан документарниот филм за хрватската пејачка легенда Оливер Драгојевиќ насловен како “ОЛИВЕРовите 70 – Малата приказна за големиот музичар и неговиот последен концерт”…Во него се опфатени снимки од пред почетокот и за време на неговиот последен голем концерт во загребската “Арена” на 11.03.2017 година со Загребската Филхармонија.На 29 јули ќе се наврши една година од неговата прерана смрт со која неговите обожаватели сеуште не можат да се помират….