Понеделничка турлитава

Секој викенд е во знак на музиката и добрата забава.Распеано е во скоро секој град од нашата земја,но и пошироко во регионот каде се одржува постојано по некој фестивал.Музика има за сечиј вкус и публика,па така секој од нас може да се почести со музичка вечер по своја желба….

-Три дена нашето туристичко место Дојран пулсираше во ритамот на 9-то издание на “Д-Фестивал” кој и оваа година на повеќе сцени угости многу музички групи и ди-џеи,како од кај нас така и од целиот регион…

-Првиот летен фестивал “Summerland” 2019 во Скопје започна со настапот на популарните “Нокаут”, а во саботата публиката имаше можност да ужива во хитовите на легендарната група “Црвена Јабука”.Фестивалот ќе трае скоро цел јули и ќе понуди забава и разонода за сите оние кои не се заминати на одмор и немаат идеа каде да ги поминат вечерните чесови…

-Мега популарниот Влатко Лозановски-Лозано со својот двочасовен концерт ги израдува сите присутни во Пехчево во склоп на “Фестивалот на трубите”.На големо задоволство за своите многубројни гледачи BalkanMusicTv го пренесуваше неговиот настап во живо.Вториот ден го одбележа настапот на екс-ју ѕвездата Ален Исламовиќ кој и покрај лошите временски услови се појави пред присутната публика и не ги разочара…

-Во соседна Србија пак изминатите три дена се одржа фестивалот “Ulaz” каде неофицијално како најпосетен настап се споменува оној на популарниот Саша Матиќ.И овдека на три бини во текот на сите вечери настапи имаа многу музички звезди од поп и фолк естрадата,а внимание привлече оној на Јелена Карлеуша најмногу поради тоа како беше облечена (или соблечена)…

 

И BalkanMusicTv во текот на овие променливи летни денови ви нуди постојана музичка релаксација за сите ваши сетила.Уживајте…