Џељо Дестановски – енергија за цел свет…

Ведар,позитивен,неуморен,секогаш спремен за соработки….и уште многу зборови го опишуваат нашиот виртуоз на зурла,Џељо Дестановски.Тој е музичар и инструменталист кој е секогаш воден од животното мото дека треба постојано да се твори и создаваат нови музички проекти.И еве на наше големо задоволство на повидок е видео запис од неговото ново оро,за чија музика се погрижи самиот тој.Аранжманот е на неговиот колега музичар Дарко Илиевски со кого се заедно вработени во нашиот најреномиран музички ансамбл “Танец”.Во ова несекојневно и малку поразлично оро учествуваат и многу други негови пријатели,кои со звукот на своите изворни инструменти ќе ни ја доловат магијата која излегува на крајот како финален производ.За амбиент Џељо Дестановски овојпат ја одбра сцената на “НОБ”,а како продукција “Арт студио” со кое има и други соработки на музички план.Во последно време ниедна свадба или друга семејна веселба не поминува без зурлата на Џељо,кој со звуците на својот инструмент за момент ќе и дадат свој и посебен белег на веселбата…нешто традиционално,исконско и длабоко вкоренето во сите нас.А го бараат постојано сите,и овдека и насекаде по светот.Со својата енергија што ја поседува успева да стигне буквално насекаде и за се.Ако некој ја сака својата работа со целото свое срце и и се препушта секојдневно се повеќе и повеќе,тоа не може да остане незабележано од јавноста.Па така нема да остане незабележано и ова негово оро со новиот видео запис,што несомнено ќе се слуша и гледа со големо задоволство.И после се ќе можеме да кажеме  – “Џељо Дестановски…еден и единствен….и за среќа наш”!!!