Тројцата музички мускетари

Идејата била да се соберат на едно место и преку својата музика да им подарат на своите обожаватели музички нумери,ама за душа што би се рекло.А такви имаме во изобилие во нашата македонска музичка ризница која секогаш е инспирација за секој изведувач.Па така нашиот пејач Спасе Антевски и инструменталисти Џељо Дестановски и Илче Младеновски (познат како Ilce Parissi) ја остварија својата желба за заеднички музички проект.Станува збор за 10 преработки на стари македонски песни обработени и исполнети на нивен специфичен начин,меѓу кои “Сулејман седит на кула”,”Јано мори”,”Кирјана”,”Како што е таа чаша” и други.Познатиот Илче ќе не удостои со музицирање преку својата хармоника и сајзер,додека нашиот Џељо овојпат низ сите преработки ќе го проткае звукот на својот кавал.Па така идејата и желбата која постоела од поодамна се оствари во паузата од живите свирки и веселби со кои се ангажирани секој од нив поединечно.Видеата за овој музички проект се реализираа во соработка со “Арт студио” – продукција.

Во иднина на ваше големо задоволство овие нумери ќе можете да ги следите на програмата на BalkanMusicTv,каде може да уживате  во разнолика музика и жанрови за сечиј вкус…и секако во квалитетна македонска музика…