Тамара блесна во Тел Авив

По одржаните први проби од настапот на нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска можеби е конечно време да кажеме:”Да…ова е тоа вистинското”.Глас,држење,моќ со која треба да владееш на сцената и да ги маѓепсаш сите околу тебе,да не им дадеш да трепнат до самиот крај.Смарагдниот фустан на веќе познатиот и докажан моден креатор Александар Ношпал ќе направи магијата на изведбата да биде комплетна.А тој од скромност и самиот ќе каже дека не е таму поради себе,туку од љубов кон Тамара.Само за потсетување,досега спотот за песната “Proud” на социјалните мрежи достигна до над 1 450 000 прегледи, што секако не се за потценување.На текстот работеа Коста Петров и Сања Поповска,а музиката со заеднички сили ја склопија Роберт Билбилов,Лазар Цветкоски и Дарко Димитров.За сценскиот настап како засилување во тимот се најдоа две швеѓанки,Тине и Мари кои досега работеле и на други успешни настапи на “Евровизија”.Импресии и позитивни пораки за тоа како ќе изгледа настапот на Тамара упатија нејзините колешки,фанови,но и пошироките маси од регионот.Колку и да негираме,сите со нетрпение го чекаме отпочнувањето на овогодинешната “Евровизија” во Тел Авив-Израел.Затоа што овојпат веруваме во изборот на нашето “девојче” кое полека низ годините ја достигна својата музичка зрелост….и да,веќе еднаш да престанеме да се жалиме дека не сме дораснати за овој музички настан.Да покажеме повеќе самодоверба,но и доверба кон наша Тамара на 16 мај….