“Стакато бенд” – велешка позитивна енергија…

 

Секој наш град си има познат бенд кој со својата музичка енергија ја забавува нашата публика.Од Велес тоа е “Стакато бенд” кој еве сложно опстојува нешто повеќе од шест години во состав:Љупче Стојанов–хармоника,Ивана Серафимовска(нов член) и Бошко Василевски–вокали,Далибор Ацевски–бас,Кире Николовски–тапани,Сашко Ѓорѓиев–соло гитара и Стојан Стојанов чест гостин со бендот на дувачки инструменти.Во трката со времето за да стигнат на сите живи свирки,настапи и веселби успеаа до сега само еднаш да се појават на фестивалот ”Охридски трубадури” во 2015 година со песната “Љубов таткова”.Потоа ги снимија и двете студиски снимки “Абре дедо” и “Свадба денес правам јас” со весела свадбарска тема за подобра атмосфера на свадбените прослави каде се ангажирани.Дека една жена може да биде и “супер жена”,докажува и нивната нова колешка Ивана која живее во Тетово, но еве успева со нив да стигне насекаде.Во разговор со Љупче како одговорен “кормилар” на бендот,дознавме дека таа ќе донесе голема свежина во групата со својата позитивна енергија и со големите гласовни можности.Неодамна на взаемно задоволство во соработка со “Арт студио”-продукција гостуваа во емисијата “Моја свадба” пленејќи не со дел од својот богат репертоар.А како животот на музичарите е секогаш на тркала и по патишта,во месец јуни “Стакато бенд” ги чека пат за Шведска и веќе се во преговори и за други гостувања надвор од замјата.Ни ветија дека тука нема да застанат со својата работа,дека размислуваат за нови студиски снимки и преработки затоа што музиката што ја носат во себе е дарба која мора да ја пренесат на својата публика и обожаватели….