Ситна ама динамитна

Атрактивната млада пејачка Стојне Николова и “Арт студио” – продукција ги здружија силите во изработката на новиот спот за песната “Ајде спремај мајко дарови”.На текст од проверената ризница на Огнен Неделковски, музиката и аранжманот ја создаде Филип Нунески.Со оваа нумера се завршува отсликувањето на нејзиниот албум “Мелем за душа” со кој Стојне сакаше на своите обожаватели да им понуди разновиден микс на авторски новосоздадени фолк песни.А тука може секој да си пронајде што си милува,балада или нешто со побрз ритам во поп фазон.Заедно со нејзиниот продуцент и менаџер Бобан Мојсовски скоро да немаат време да здивнат од живите свирки и настапи секаде каде ќе ги повикаат.А имаат и зошто….па поради нашата нежна,специфична и сексипилна Стојне Николова….