Сите на “Охрид – фест 2019”

Градот Охрид останува и понатаму најраспеаниот град во текот на целото лето.За сите љубители на добрата песна испеана во прекрасните ноќи на нашиот езерски бисер,од утре започнува 26-то издание на “Охрид-фест – Охридски трубадури”.Според зборовите на уметничкиот директор на фестивалот Григор Копров, оваа година биле пристигнати рекорден број на нови песни со што уште еднаш се потврди значењето и долгогодишната традиција на фестивалот.Првата вечер ќе биде резервирана за фолк нумери,втората за поп,а третата ќе биде вечер за интернационална музика на која ќе настапат и победниците од предходните две вечери.Уметничкиот директор на фолк вечерта Цане Петров вели дека оваа година е подигнат критериумот на повисоко ниво во однос на изборот на композициите,што јасно кажува дека се води сметка и за квалитетот на песните кои треба потоа да заживеат на музичката сцена.Искрено се надева дека и оваа година дебитантите достојно ќе се претстават и ќе ја освојат публиката,што впрочем ќе биде добар почеток за нивна понатамошна успешна кариера.Во ревијалниот дел на фолк вечерта свое шоу ќе одржи познатиот наш пејач Благоја Грујоски,а по завршувањето на фестивалот публиката ќе ја забавува групата “Молика Оне”.

Сите љубители на добрата музика,забава и дружење градот Охрид од 5-ти до 7-ми септември ги очекува со широко раширени раце,нудејќи го уште еднаш своето гостопримство…