“Роден крај” – Болка што посебно боли

Јордан Митев може да го инспирираат многу нешта кога се во прашање неговите песни.Но сите што ја следат неговата кариера,знаат дека со посебни чувства се внесува кога е во прашање љубовта кон жената или пак родниот крај.По одличниот прием на видео записот за песната “За тебе”,Јордан одлучи и овојпат да не ја менува екипата и за новиот проект насловен како “Роден крај”.Очекувано од него,тој повторно се јавува како комплетен автор на песната,а ист е тимот и за соработка – студио “Анастасија”-Скопје и продукција “BY ZATI” задолжени за спотот…

Стиховите и сликите од “Роден крај” ќе побудат многу емоции кај сите нас…но најмногу ќе се растреперат срцата на сите оние кои одамна се далеку со илјадници километри од родната грутка.А такви ги има многу и сигурно ќе се пронајдат во стиховите на оваа песна.И навистина,како што ќе каже и самиот Јордан Митев…сонцето најсилно грее во родниот крај,срцето сака и пати на посебен начин за родниот крај.Блазе нас кои можеме кога и да посакаме, веднаш да го посетиме местото на нашето детство…

Во оваа и сите останати хит песни на нашиот Јордан Митев може да уживате гледајќи ја програмата на BalkanMusicTv…