Расадник на таленти

 

 

Со секој крај на училишната година во ДМБУЦ  “Илија Николовски – Луј” во Скопје,за нас се најинтересни  генерациите кои го завршуваат основното и средното образование во оваа установа.Преку своите завршни концерти тие на некој начин ни го презентираат знаењето кое го стекнуваат во текот на своето школување.А овој епицентар на музичката и балетската уметност е основан уште во далечната 1945 година и е училиште од посебен интерес за нашата држава.Како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници како и педагози,кореографи,диригенти,композитори и други културни дејци.Годините исполнети со квалитетно образование ни даваат врвни музичко балетски уметници од кои голем дел понатаму се и амбасадори на нашата култура насекаде по светот.А нашата земја отсекогаш била позната по талентите за пеење,играње,свирење на секаков вид на инструменти, што ни дава за право да се гордееме на ова наше училиште.

Почнувајќи од денес во наредните три дена ќе имаме можност да уживаме во завршните концерти и тоа:

10 јуни – ученици од основниот балетски оддел;

11 јуни – ученици од насоката за традиционална музика и игра;

12 јуни – ученици од средниот балетски оддел (класична и современа насока).

Дека треба да се посетат овие три концерти и да им се даде подршка на овие вљубеници во музиката,играта и балетот не е потребно да се нагласува.Дека секој во животот треба да почуствува и друг вид на уметност и творење освен оној “трендовскиот” и тоа не е потребно да се каже.Појдете и поминете пријатна вечер која можеби ќе ги смени вашите видици кон музиката….