Раде Младеновски снима спот за неговото првенче “Три сина”

 

Раде Младеновски деновиве ја сними неговата прва песна како самостоен музичар која што носи наслов “Три сина”. Песната нема да остане без видео запис.Од денес, во соработка со Арт Студио Продукција, се снима видео записот на неколку локации кај Кратово.Во песната како и во спотот се појавува и Џељо Дестановски.

Раде периодов е актуелен со ноќните свирки во неколку познати ресторани во Македонија заедно со негови колеги музичари.

Балкан Мјузик Тв му посакува успешна кариера а наскоро ја очекуваме и промоцијата на неговото првенче “Три сина”…