Пријатно изненадување од “Алегро Струмица”

 

Речено – сторено….Секое лето си има по еден (или повеќе) летни хитови кои насекаде се потпевнуваат.Па така и овојпат на повидок е нов летен хит и тоа на момците од “Алегро Струмица”,насловена како “Honeymoon”(Меден месец).Со оваа нумера бендот решително проба да експериментира и се чини дека тоа им успеа.Песната со поп-фолк ритам одлично им легна и сега нема дилема дека треба повторно да се движат во тој правец за некој нов нареден хит.А сега следи рецептот и што е потребно за еден супер летен хит:

– талентирани и неуморни момци (“Алегро бенд” – Струмица)

– разигран ритам на кој не може да се седи мирно

– погодена игра на зборови кој ќе легнат на ритамот(Борче Нечовски)

– испробан микс и аранжман (студиото на Енцо Расимов – Белгија)

– мајстор за видео приказни (“Арт студио” – продукција)

– идеално место за меден месец ( плажа Папуа – Калитеа)

– две заљубени души покрај морето

Летото е пред нас,”Алегро бенд” ни подарија вистинско летно освежување и што уште да се каже…на кого му се допаѓа,нека потпевнува во овој нивни ритам и нека чека некој следен нивни хит.Нема сомнеж дека ќе ги има уште многу,многу…затоа што рецептот е во нивни раце!!!

Спотот за хитот “Honeymoon” може премиерно да го гледате и на нашата и ваша омилена BalkanMusicTv….уживајте во летните денови…