Нешто ново од Џељо Дестановски

Млад,талентиран и успешен во тоа што го работи…тоа е нашиот најпознат македонски зурлаџија Џељо Дестановски.Познат по соработката со нашите естрадни пејачи и групи,учесник на многуте фестивали ширум светот,се чини дека звукот на неговата зурла е насекаде баран да се чуе.Па така на повидок е една нова музичка соработка со мега популарниот српски хармоникаш Борко Радивојевиќ.Тој со својот бенд “Тигрови” е исто така доста актуелен на српската естрада и баран на сите веселби и прослави.Како ни открива Дестановски на негово огромно задоволство е поканет од страна на Борко за заеднички музички проект чии детали сеуште не се откриваат.Магијата на зурлата,кавалот,гајдата и дава посебен белег на секоја композиција ако е отсвирена од вистинскиот човек.Човекот го имаме,магијата ја поседува,па така нема сомнение дека од оваа соработка ќе произлезе добар музички производ.Тука сме и чекаме….