Нема одмор,нема пречки…..

Се можеби зборовите кои секогаш се мотив за одење напред во работата што ја сакаш и која те исполнува.Само љубовта кон тоа што го работиш ги дава вистинските резултати на крајот.И да,можеме слободно да кажеме дека во тој поглед “Арт студио” – продукција ”има лице” секогаш да се пофали со конечниот производ кој излегува од нивната работилница.По секоја напишана,испеана или отсвирена песна со срце,потоа следи видео запис кој ќе и даде и душа на песната.А зад сето тоа стојат денови на подготовка,анализа и договори за да се дојде до приказната која ќе допре до секој слушател и гледач.Во тој поглед и овие денови во “Арт студио” – продукција е мошне раздвижено и работно,затоа што се работи на два нови проекти.Првиот е со познатиот музичар и инструменталист Јане Рафаиловски кој сеуште буди големи чуства како со изведбата,така и со спотот за безвременската “Зајди,зајди”.По успешната соработка на тој проект еве повторно се вкрстија моќта на звукот од овој врвен музичар со професионалноста на ова студио.

Вториот проект е поврзан со пејачите Спасен Сиљаноски и Дамјан Стојаноски кои одлично се надополнуваат во изведбата на убавата срцепарателна македонска песна “Славчо и Иванчо”.Можеби затоа со нетрпение се очекува и конечната видео приказна која несомнено ќе побуди големи чуства кај нивните многубројни обожаватели.За да испадне се како што треба потребно е време,умешност,голема љубов кон музиката и се што е поврзано со неа,но и чисто срце.”А ние сето тоа го имаме” – ќе речат со гордост од  продукцијата на“Арт студио”.И во исчекување на овие два нови спота,еве како изгледа магијата на еден видео запис во комплетна смисла на зборот.Уживајте….