Нема лабаво кај нас…

Мајсторите на добрите забави знаат како се почнува,одржува и кулминира истата,со забавен микс кој полека стана неизоставен дел од секоја веселба.Во тој правец “Дипломатик бенд” следејќи го трендот на сеопфатен репертоар,започна со промоција на своите забавни преработки.Со овие наши и странски кавери тие ќе ни ја покажат и онаа друга нивна страна,”шмекерска” која дава потполна слика за бендот.Како за потсетување,сето тоа се реализира во соработка со “Арт студио” – продукција во една опуштена и позитивна атмосфера.И кога некој го има мотото “Многу сме јаки,нема лабаво” јасно кажува дека за нив нема многу место за опуштање,туку постојано мора да се држи чекор со времето.Кога е во прашање музиката, публиката е таа која кажува што сака и во што најмногу ужива.Од неодамна во “Дипломатик бенд” почна нежно да “преде” и звукот на виолината која рака на срце и те како знае да допре до срцето на секого.Со тоа овие момци во своите настапи во живо, постојано имаат како понуда шаренолики звуци и богат репертоар кој мора да го има еден добар бенд.А за да не ви раскажуваат другите,како звучат нивните нови преработки изработени во нивни стил ќе можете да ги слушнете набргу и како гости во емисијата “Моја свадба”.Нема лабаво,одиме понатаму….