Мулти микс на “Мулти Бенд” за мулти уживање…

 

Во соработка со “Арт студио” – продукција,скопските “Мулти Бенд” решија на својата публика да им подарат нов музички проект.Истиот се подготвуваше доста долг период за да изгледа така како што им прилега на овие наши момци.Зафатени од летната весела еуфорија,тие решија повеќето од каверите да бидат народни т.е.претежно свадбарски,но не ги заборавија и љубителите на забавниот мелос.Како добри домаќини и џентлмени “Мулти Бенд” ја поканија својата колешка Андријана Ацевска да им гостува на проектот,покана што таа со задоволство ја прифати.Со надеж дека ќе го погодат вкусот на своите обожаватели и гледачи,ни ветија дека наскоро подготвуваат и нова студиска песна која ќе биде пропратена и со видео запис.Ама,како и сите популарни бендови и тие имаат проблем со времето…

До промоцијата на новиот музички проект уживајте во изведбите на “Мулти Бенд Скопје” на вашата омилена BalkanMusicTv…