Методија Столески продолжува да освојува

Секоја музичка сцена мора постојано да се освежува и подмладува со нови музички таленти.За среќа ние на нашето поднебје секогаш имаме млади и свежи пејачи кои постепено со својот талент си го наоѓаат патот кон успехот.Еден од нив е и 16-годишниот Методија Столески од Струга кој на 31 август ќе учествува на “Пирин фолк – Сандански” во Бугарија.Песната која ќе ја исполни носи наслов “Боже ти благодарам” и судејќи според тимот што ја создаде има голема можност за достојно представување пред тамошната публика.Музиката и аранжманот се на Цане Петров,а текстот на песната го напиша Огнен Неделковски,истиот тандем со чија песна “Мајка” младиот Методија ги воодушеви сите на овогодинешниот “Гоце фест”.

Патот за учество на “Пирин фолк”нашиот Методија Столески мораше да го помине преку кастинг во Софија,каде од 200 пријавени учесници го освои второто место според стручното жири.Иако оргиналната верзија е на македонски јазик,публиката на самата вечер ќе има можност оваа убава нумера да ја чуе и на бугарски јазик.На крајот ни останува само трпеливо да го почекаме настапот на нашиот најмлад фолк пејач од Македонија,кој со поткрепа од квалитетни автори на песни има шанса да прерасне еден ден во големо музичко име на овие простори….