Лозано во поход на Охрид

По спектакуларниот прв солистички концерт во Скопје,на наша голема радост и задоволство Влатко Лозаноски-Лозано го најави својот втор голем концерт во Охрид.Настанот е закажан на 2-ри август,денот на празникот ”Илинден” и стадионот на “Билјанини извори” како епицентар на ова музичко збиднување.По многуте познати балкански изведувачи,Лозано ќе биде првата македонска ѕвезда која ќе одржи концерт на ова место и со тоа ќе допринесе ова лето да се памти и по неговите големи хитови.Како поминува времето,скромниот и талентиран наш пејач се повеќе станува миленик на сите генерации,а тоа го потврдуваат и милионските прегледи на неговите хитови “Километри”,”Јако,јако”,”Мандарина”,”Жена како ти”,”Мајка” итн.итн.Позитивната енергија и единственото музичко доживување од настанот во салата “Борис Трајковски” сеуште се раскажува меѓу неговите обожаватели.Најверојатно тоа било поттик за огранизаторот “Прагма” да се завземе овојпат околу средувањето на деталите за овој концерт,па така се најавуваат специјални гости,изненадувања за фановите,но и организиран превоз од повеќе македонски градови.Значи на 2-ри август сите патишта ќе водат кон Охрид,кон нашата голема музичка ѕвезда Влатко Лозаноски-Лозано….

 

Во неговите мегахитови може да уживате гледајќи ја нашата програма на BalkanMusicTv во која им отстапуваме простор и на љубителите на поп и рок музиката…Уживајте во секој вид на музика….