Кога ѕвездите ти се наклонети

Велат дека тимот што победува,не треба да се менува….и најверојатно тоа е добитната хит комбинација која нашиот Влатко Лозаноски се уште ја практикува.Денес на пладне од “истата работилница” тој ја промовираше својата најнова песна и видео запис насловена како “Не те вадам од памет”,лесна,певлива и како создадена за сите вљубени.Зад песната повторно се потпишува истиот победнички тим на Лазар и Магдалена Цветкоски кој очигледно одлично ја вклопија својата музичка креативност со гласовните способности на Лозано.Само за потсетување,според листата на ЗАМП во првите Топ 10 најслушани песни за 2018 година, се најдоа дури 3 песни од овој музички тандем и тоа: на 1-во место – “Километри”,на 2-ро место – “Мандарина” и на 4-то место хитот “Јако,јако”…што секако е огромен успех бидејќи доаѓа од самите слушатели.По првиот успешен концерт во Скопје,утре на 2-ри август на стадионот “Билјанини Извори” – Охрид Влатко Лозановски на своите обожаватели им подготвува втор голем и незаборавен концерт за потполно музичко уживање.Овојпат со своите настапи концертот ќе го отворат неговите колешки Антониа Гиговска и Лина Пејовска,што секако ќе допринесат оваа вечер да се памти уште долго време….се додека нашиот Лозано не не изненади со нешто ново.А кога си неуморен во тоа што го работиш со љубов и ѕвездите ти се наклонети…успехот е секогаш тука,докажува повторно и повторно нашиот Влатко Лозаноски – Лозано…