И по Цеца – Цеца

Од 18-ти до 21-ви јули во Прилеп по 17-ти пат ќе се одржи еден од најголемите пивски фестивали на Балканот,”Пиво фест 2019”.Настанот е еден вид туристичка манифестација затоа што привлекува голем број посетители и туристи од цела Македонија и пошироко од сите соседни земји.Тоа се денови кога се слави пивото,скарата и сето тоа пропратено со многу разновидна музика.И оваа година организаторите се потрудија во текот на сите четири дена да има изведувачи за сите вкусови и генерации.Па така од позвучните имиња може да ги забележиме група ”Галија”,Миле Кузмановски,Влатко Стефановски – Трио,Тамара Тодеска,”Фрајле”,членовите од “Нови Фосили” – Сања,Зец&Маринко и многу други,но оваа година и со посебен акцент на локални изведувачи(секоја чест).Aко ја погледнете целата програма сигурно ќе си најдете некој омилен пејач или бенд за кој вреди да појдете во Прилеп и да поминете една луда и незаборавна вечер.Морам да забележам дека прилепчани се секогаш гостољубиви,добри домаќини и во големите гужви се нема досега случено некој сериозен проблем,барем јас не памтам.И покрај двоумењето на локалната самоуправа на град Прилеп,настанот ќе биде повторно во центарот на градот затоа што анкетата од граѓаните го покажала тоа.Годинава ќе нема голем огномет и парите ќе бидат пренасочени за други цели,а исто така за прв пат на “Пиво фест” ќе има и активна детска зона,понастрана од центарот со строги детски содржини.

А да…на крај да не заборавам…како ѕвезда на овогодинешниот “Пиво Фест” ќе настапи балканската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца за која првиот пат во 2010 година се дигна голема галама затоа што “се фрлало” многу пари по скапи изведувачи.Ама кога Цеца ќе запее “Кад би био рањен”,знаете ли вие колку пиво ќе се испие….сигурно знаете.И не за џабе рекле:”Фрли рипче,за да фатиш крапче”….